169
Според италијанскиот весник, Роналдо по елиминацијата од Лигата на шампионите го променил однесување и на тренинзите и на натпреварите.
Португалецот не успеа да постигне гол на последните три натпревари во Серија А, а на дуелот против Фиорентина беше обвинет за себичност.
Тој сака да си замине од Јувентус и побарал од Мендеш да му најде нов клуб. Но Роналдо ќе мора да си ја намали платата која изнесува 31 милион евра годишно, нема клуб кој би му понудил толку на 36-годишна возраст.
Флорентино Перез ја отфрли можноста за враќање на Роналдо во Реал Мадрид, па таа опција отпаѓа.
Во игра е трансфер во ПСЖ, но и можно враќање во Манчестер јунајтед.