Се погласни се шпекулациите
дека Андреа Пирло ќе добие отказ и Макс Алегри се посочува како прв кандидат за
нов тренер на Јувентус. Макс Алегри синоќа бил забележан во Торино и тоа само
ги подгреа гласините дека одново ќе го превзеде кормилото на „старата дама“.
Но новинарот
Паоло Барџиџа говори за шокантно сценарио и враќање на Антонио Конте.
„Пирло ќе замине
без разлика како ќе зaврши сезоната. Алегри е реална опција, но внимавајте на
Конте“ – вели Барџиџа.
Антонио Конте е
на прагот да ја прекине доминацијата на Јувентус од девет титули во низа и на Интер да
му го донесе Скудетото, но стратегот често имаше недоразбирања со раководството
околу трансфер потезите и играчите кои му се носат, па во неколку наврати се
пишуваше за негово заминување од Милано.