„Сан“ наведува
дека Челси е заинтересиран да го врати во своите редови 27 годишниот напаѓач
Ромелу Лукаку, а за таа цел на Интер би можел да му понуди понуда вредна нешто
помалку од 105 милиони евра за Белгиецот, односно 90 милиони фунти.
Тоа значи дека
Челси сега треба да издвои три пати повеќе од тоа што го доби од Евертон како
обештетување во 2014 година (28 милиони фунти) за неговиот трансфер.
Ангажманот на Диего Кошта во Челси беше најголемата причина зошто клубот од Лондон беше приморан да го продаде Лукаку во Евертон, а со средствата од неговиот трансфер се испочитуваа правилата кои ги налага финансискиот ферплеј.
Се верува дека
напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд не е во доменот на можностите на
Челси за претстојниот летен преоден рок, а токму Лукаку е алтернативната опција
за „Сините“ од Лондон.
Лукаку има
активен договор со „Нероаѕурите“ со важност до 2024 година, а со самото тоа
тимот од Милано не чувствува никаков притисок да го продаде својот најдобар
фудбалер сезонава кој на 32 меча успеа да постигне 21 гол, но и 8 асистенции.
Челси го имаше во
својот тим Лукаку откако го купи од Андерлехт за 15 милиони евра во 2011
година, но следеа позајмици во ВБА и Евертон, а посебно импресионираше во
дресот на „Карамелите“, по што следеше трансфер во Манчестер јунајтед, за во
2019 да се пресели во Интер.