23 годишниот
дефанзивец Фикајо Томори би можел да остане во редовите на Милан и по крајот на
актуелната сезона, во составот на „Росонерите“ е на позајмица од Челси, а
клубот од Милано има опција да го откупи неговиот договор.
Опцијата која
Милан ја има во рацете изнесува 25 милиони фунти, а „Скај Спорт Италија“
известува дека италијанскиот прволигаш крои планови како да ја заврши успешно
операцијата за да го задржи англискиот дефанзивец во своите редови.
По доаѓањето во
Милано, Томори запиша 17 настапи во сите конкуренции, а особено ги
импресионираше техничкиот директор Паоло Малдини, како и спортскиот директор Фредерико
Масара, кои прават сериозни напори во клубот да се реализира трансферот на
Англичанецот.
Дека во Милан се
презадоволни од тоа што досега го прикажа Томори, говори и изјавата на тренерот
Стефано Пиоли кој не крие дека посакува да го задржи Англичанецот.
„Ние сме многу
среќни што имаме фудбалер од калибарот на Томори во нашиот тим, нашиот план
околу него е многу јасен, сакаме да го задржиме идната сезона, но да видиме што
ќе се случи со Челси“ рече Пиоли.