Десниот бек на
Реал Мадрид, Дани Карвахал се здоби со повреда од посериозен карактер, поточно
повреда на тетивата за време на првиот меч со Челси во полуфиналето од Лигата
на шампионите, каде играше се’ до 77 минута.
Со тоа, Карвахал ќе го
пропушти остатокот од сезоната, а нема да биде во можност да им
помогне на „Кралевите“ за реваншот кај Премиерлигашот откако во првата
пресметка во Мадрид резултатот беше израмнет со 1-1.
Ова е голем пех
за Реал Мадрид и тренерот Зинедин Зидан кој ќе има мака во склопувањето на
коцките за дефанзивната линија за реваншот во Лондон, левиот бек Ферланд Менди
е неизвесен, а Начо би можел да биде одредено решение за левата страна во
дефанзивната линија.
Добра вест за Реал
Мадрид е враќањето на Серхио Рамос кој денеска се приклучи на тренинзите и би
требало да биде на располагање на Зидан за реваншот со Челси, а претпоставките
велат дека Милитао ќе го замени Карвахал против „Сините“ од Лондон.