Челси ја одреди цената за Абрахам, Вест Хем е на потег

by
1 минути читање

Тами Абрахам беше
регуларен стартер под кормилото на Френк Лампард и се чини дека одлично си го
одработи своето, меѓутоа по доаѓањето на Томас Тухел за нов тренер на „Сините“
од Лондон работите целосно се променија, но не во негова полза.

23 годишниот
напаѓач се верува дека во претстојниот летен преоден рок би можел да си замине
од Челси, а клубот наводно веќе ја одредил и цената за негова евентуална
продажба која изнесува 40 милиони фунти.

Вест Хем е
најзагреан во своите редови да го види младиот напаѓач, чиј последен старт од
првата минута на еден меч беше дури во ремито со 1-1 против Саутемптон во
февруари, од тогаш запиша само три минутен настап, токму против Вест Хем во
саботата. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×