Фергусон не крие дека го посакувал Тоти во Манчестер јунајтед, но тој не сакал да си замине од Рома

by
1 минути читање

Поранешниот
легендарен тренер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон се обидел да го доведе
Франческо Тоти како засилување за „Црвените ѓаволи“, меѓутоа неговите намери
биле неуспешни.

Како што и самиот
Фергусон вели во изјавата за „Газета дело Спорт“, веднаш штом Премиерлигашот
изразил интерес, станало јасно дека Италијанецот не сака да го напушти својот
омилен клуб.

Нам ни се
допаѓаше Тоти, посакувавме да го вметнеме во нашите планови, но кога го
изразивме нашиот интерес, веднаш стана јасно дека тој не сака да си замине од
Рома
“ рече Фергусон.

Тој беше длабоко
поврзан со градот, неговата биографија е чиста, Тоти единствено дресот на Рома
го носеше на себе сета своја кариера
“ додаде тој.

Тоти играше во
дресот на Рома од 1992 до 2017 година, настапувајќи на 619 натпревари во Серија
А, постигнувајќи 250 погодоци, а освои една титула во најсилниот фудбалски
шампионат на Италија, но и две во Копа Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×