Кејн со оваа изјава можеби најави заминување од Тотнем

by
1 минути читање

Првата ѕвезда на
Тотнем, напаѓачот Хари Кејн можеби го даде најголемиот знак досега дека е можно
да си замине од клубот од Северен Лондон, а такво сценарио се шпекулира дека би
можело да се случи на лето.

Помина уште една
сезона без трофеј во клупските простории на „Спарси“, а се чини дека тоа го
фрустрира и самиот Кејн, кој на фудбалските награди на Лондон беше прогласен за
фудбалер на годината во Премиерлигата, но во изјавата точно наведе што посакува
– трофеи со клубот.

Инвивидуалните
награди се одлични, тие се фантастично достигнување за една особа
“ рече Кејн.

Целта во
моментов како фудбалер е да освојувам трофеи со тимот, се
додека оваа награда е одлична, јас
посакувам да ги освојувам најголемите награди кои би можеле да се освојат како
тим, но ние не делуваме добро на тој план
“ додаде тој.

Доколку постои
некој избор, јас би преферирал освојување на колективни награди, заедно со
тимот, а не индивидуални, но тоа е што е во моментов, тоа е една од ситуациите
која е отежнувачка
“ заклучи напаѓачот кој сезонава постигна фантастичен учинок
од 21 гол и 13 погодоци во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×