И на Пиоли му се смешка отказ, Милан разгледува две имиња за нов тренер

by
1 минути читање

Милан првиот дел
од сезоната го заврши како зимски шампион, но во продолжението работите не одат
според планот. „Росонерите“ не само што се далеку од битката за титулата,
ризикуваат да останат и без настап во Лигата на шампиони.

Ваквиот развој на
настаните под знак прашалник ја донесе иднината на Стефано Пиоли, кој на крајот
од минатата сезона беше награден со нов договор и се обврза кон Милан до 2022
година.

Неколку ивори од
Италија пренесуваат дека стратегот мора да испорача топ четири пласман, во
спротивно ќе остане без работа.

Милан веќе
разгледува две имиња за нов тренер, прва цел е Иван Јуриќ од Верона, а како
опција е и Макс Алегри, со кого „росонерите“ за последен пат обезбедија настап
во Лигата на шампиони во сезоната 2012/13.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×