346
Во Италија се води жестока битка за позициите кои водат во ЛШ, Јувентус и Милан имаат исти бодови, а реални се шансите некој од нив да не заврши во топ 4.
Донарума се уште не потпишал продолжување на договорот со Милан, а има шпекулации дека негова следна дестинација може да биде и Јувентус.
Последните информации од Италија велат дека младиот голман има желба следната сезона да биде дел од ЛШ, бидејќи досега никогаш не бранел во ова натпреварување.
Тој ги одложил сите разговори за неговата иднина и прво ќе почека да види каков ќе биде крајниот исход на табелата а потоа ќе одлучи дали ќе продолжи во Милан или ќе се пресели во Јувентус.