На денешен ден во 2014 година играа Ливерпул и Челси. Црвените беа во позиција да ја освојат Премиерлигата, но тогаш се случи грешката на Стивен Џерард со која многумина се шегуваат и денеска. Капитенот на Ливерпул се лизна и му дозволи на противникот да постигне гол. Ливерпул го загуби мечот, а подоцна го загуби и првото место.
Мурињо објави слика од тој меч како ја држи топката, а Џерард се обидува да му ја земе. Португалецот напиша: „Енфилд, 27. април, 2014. Посед на топка“.
Нејасно е дали ова е само обично тролање на Мурињо или многу подлабока порака. Имено Селтик е еден од клубовите кои се интересираат за Португалецот, а Џерард е тренер на Ренџерс. Некои сметаат дека ова значи дека Мурињо ќе ја прифати понудата на Селтик.