Навивачите на
Рома на посебен начин ќе ги испратат фудбалерите за гостувањето кај Манчестер
јунајтед, а имаат порака која е одговор на изјавата на Оле Гунар Солшер пред
мечот со „Римската волчица“.
„Не ја познавам
добро Рома, ги немам гледано нивните натпревари, немам претстава каква е
нивната игра, само знам дека одиграа два добри меча против Ајакс“ гласеше
изјавата на Солшер.
Фудбалерите на
Рома во текот на утрешниот ден ќе отпатуваат на Островот, а претходно ќе бидат
испратени од своите навивачи, кои веќе подготвија и транспаренти со пораката:
„Погрижете се да не запомнат“,
алудирајќи на изјавата на Солшер.
rispondono con questi volantini affisi a pic.twitter.com/qAsTE763hz