Варан им се доверил на најблиските, посакува нов предизвик во кариерата

by
1 минути читање

Францускиот
дефанзивец од редовите на Реал Мадрид, Рафаел Варан наводно веќе се соочил со
реалноста прифатувајќи го тоа дека неговото време во клубот е веќе изминато, се
верува дека стоперот уште ова лето ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Челси не се двоуми да ја исплати бараната сума на Реал Мадрид за Варан

28 годишниот Варан
уште по трансферот од Ленс во 2011 година потврди дека станува збор за
исклучително квалитетен дефанзиввец кој може да царува во казнениот простор на
својот тим.

Во Шпанија
нагласуваат дека Варан се чувствува разочарано од фактот што Реал Мадрид не му
понудил ништо поконкретно за да продолжи соработката помеѓу обете страни, а
неговиот актуелен договор истекува идната година на лето.

„АС“ извести дека
Реал Мадрид е подготвен да се раздели со својот фудбалер за обештетување во
висина од околу 60 милиони евра, а се очекува на лето да пристигне Давид Алаба од
Баерн Минхен како слободен играч на трансфер пазарот.

Дополнително, истиот медиум додава дека дефанзивецот веќе им се доверил на своите најблиски пријатели и им открил дека посакува нов предизвик во својата кариера.

За услугите на
Варан особено голем интерес постои од Челси и Манчестер јунајтед, а се верува
дека клубот од Лондон не се двоуми да ја исплати бараната сума од страна на „Кралевите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×