Депај би можел во Јувентус

by
1 минути читање

Италијанскиот
првак Јувентус би можел да дојде до потписот на 27 годишниот Мемфис Депај чиј
актуелен договор со Лион истекува претстојново лето, а речиси и да нема дилеми
дека ќе си замине од редовите на францускиот прволигаш.

Холандскиот
офанзивец импресионираше во Лиг1 од неговиот трансфе од Манчестер јунајтед во
Лион во 2017 година, каде постигна 74 погодоци во 175 натпревари, вклучувајќи
18 погодоци на 34 настапи во Лиг1 оваа сезона.

„Калчомеркато“
наведува дека Јувентус има неколку дилеми во поглед на офанзивниот ред во
својот тим, а спортскиот директор Фабио Паратичи ќе се обиде да реши барем
некои од тие.

Се верува дека
Депај котира високо на листата на трансфер желби, меѓутоа се нагласува дека
пласман во Лигата на шампионите за идната сезона ќе биде неопходен за да се
ангажира Холанѓанецот кој се поврзуваше и со трансфер во Барселона, каде би
можел да соработува со својот сонародник Роналд Куман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×