Само шест седмици
пред фијаското со Европската Супер Лига, фудбалерот на Барселона, Џерард Пике и
претседателот на УЕФА, Александер Чеферин оствариле средба во еден добро познат
ресторан во Барселона,.
Како што пишува „РАЦ1“,
Пике, кој е сопственик на фудбалскиот клуб Андора, посакувал да разговараат за
бизнис во кој сакал да навлезе Пике.
„РАЦ1“ наведува
дека Пике бил заинтересиран да ги разгледа механичките аспекти за телевизиска
дистрибуција, како и правата за Лигата на шампионите, како и останатите
натпреварувања кои се под капата на УЕФА.
Меѓутоа, како што
додава каталонскиот медиум, Пике и Чеферин не биле сами, нив им се приклучил подоцна
и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, за кого е познато дека драстично го
промени ставот околу Европската Супер Лига, пред повторно да биде назначен за
претседател на клубот, односно пред тој период.
Кога сме кај Пике
и неговите бизниси, фудбалерот на Барселона во 2017 година заедно со свои
блиски пријатели ја формираше „Космос Гроуп“, која се занимава со спортска и
забавна содржина, како и менаџмент во тенис заедно со Хироши Микитани,
јапонскиот милијардер креатор на „Ракутен“.
Токму „Космос
Гроуп“ го продуцираше документарецот за францускиот напаѓач од редовите на
Барселона, Антоан Гризман кога тој обзнани во јавноста дека ќе остане во
Атлетико Мадрид.