Во еден момент од сезоната се чинеше дека Милан нема шанси да го загуби пласманот во ЛШ, но сега токму тоа се случува.
Лацио вечерва го надигра Милан и го победи со 3-0, а триумфот беше најавен уште во втората минута кога Кореа даде гол.
Пред крајот на првото полувреме Лазари даде гол, но ВАР го поништи поради офсајд.
Сепак по само шест минути игра во второто полувреме Кореа даде нов гол за предност на Лацио и од 2-0.
На три минути пред крајот Имобиле со убав гол од далечина ги постави конечните 3-0.
Аталанта е на второто место со 68 бодови, следуваат Наполи, Јувентус и Милан со 66, Лацио е шести со 61 но има и имеч помалку, против Торино, ако го добие тој ќе можат и тие да се замешаат во борба за ЛШ.