Ѕвездата на Реал
Мадрид, Еден Азар треба да биде во целост подготвен да настап против Челси
утревечер во рамките на првиот меч од полуфиналната рунда во Лигата на
шампионите помеѓу обете екипи.
За тоа дека е
така, пристигна и потврда од шефот на стручниот штаб на „Кралевите“, Зинедин
Зидан кој воопшто не се сомнева во тоа дека Белгиецот е подготвен за настап.
„Нема никакви
дилеми околу Азар, тој е во одлична состојба по настапот против Бетис“ рече
Зидан на пресконференцијата.
„Тоа е одличен
сигнал од негова страна, најважното во моментов, засега не пријави ништо дека
чувствува одредени проблеми како претходно, во моментов е одличен“ додаде францускиот
фудбалски стратег.
„Среќни сме што
го имаме повторно со нас, ќе има голем придонес во тимот“ заклучи Зидан.
Азар сезонава
запиша скромни 15 настапи во сите конкуренции за Кралевите поради честите
проблеми со повредите.