Ибрахимовиќ и Лукаку добија парични казни

by
0 минути читање

Напаѓачот на
Милан, Златан Ибрахимовиќ доби 4,000 евра парична казна, а Ромелу Лукаку од
Интер 3,000 евра поради нивниот судир во натпреварот од Копа Италија сезонава.

Обајцате
фудбалери се сметаат за виновни за инцидентот, а дисциплинската комисија при
фудбалска Италија нивното однесување го оцени како неспортско од натпреварот
кој се одигра на 26 јануари годинава.

Поради тоа што
Милан и Интер не успеале да ги контролираат своите фудбалери во таа ситуација,
„Росонерите“ добија казна од 2,000 евра, а „Нероаѕурите“ 1,250 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×