Јувентус, Барселона и Реал мадрид ќе се соочат со ригорозни санкции поради Суперлигата?

by
1 минути читање

„Газета дело
Спорт“ тврди дека Јувентус, Барселона и Реал Мадрид би можеле да се соочат со
ригорозни санкции поради вмешаноста во формирањето на т.н. Европска Супер Лига,
од која триото клубови и натаму не отстапува.

Весникот
анализирајќи ја ситуацијата со Суперлигата, како и можните санкции кои
клубовите би можеле да ги добијат од УЕФА, пишува дека во европската куќа на
фудбалот сериозно размислуваат на таа тема.

Првиот човек на
УЕФА, Александер Чеферин говорејќи на таа тема во разговорот со „Дејли Мејл“,
наведе дека санкциите би зависеле од степенот на вмешаноста на клубовите во
целата таа операција.

Големи се
очекувањата Јувентус, Барселона и Реал Мадрид да го извлечат најдебелиот крај
од санкциите кои се очекува да ги вметнат од страна на УЕФА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×