550
Во Италија
наведуваат дека Лучијано Спалети би можел да биде нов тренер на Наполи за
идната сезона, клуб каде настапува нашиот репрезентативец Елиф Елмас.
Џенаро Гатузо се
соочува со низа критики поради резултатите на клубот од Неапол, а постојано се
наведува дека неговата иднина во клубот не е сигурна.
Инаку последен
клуб кој беше предводен од страна на Спалети беше Интер, каде беше заменет со
Антонио Конте, а „Нероаѕурите“ сезонава се мошне близу до освојување на
Скудетото со тој тренер.