Реал Мадрид
утревечер на домашен терен ќе ги одмери силите со Челси во првиот меч помеѓу
обете екипи во полуфиналето од Лигата на шампионите, а еден фудбалер на
домаќините би можел за идната сезона да биде засилување за Премиерлигашот.
Се верува дека
Челси во моментов е во пол-позиција за потписот на 28 годишниот дефанзивец
Рафаел Варан, чиј договор со „Кралевите“ истекува идната година на лето, а нема
никакви сигнали околу можноста да ја продолжи соработката со шпанскиот
прволигаш.
„Мундо Депортиво“
наведува дека Челси е подготвен да ја издвои посакуваната сума од 61 милион
фунти за неговите услуги, колку што воедно бара Реал Мадрид за негова продажба.
Освен Челси и
Манчестер јунајтед, за услугите на Варан заинтересиран е уште и ПСЖ.