Гигантите од „чизмата“
добиваат пречка за настап во Суперлигата, Фудбалската федерација на Италија одлучи
да донесе правило според кое клубовите кои ќе настапуваат во натпреварување кое
не е признато од УЕФА и ФИФА, нема да добијат лиценца за Серија А.
По крајот на состанкот
на федералниот совет, првиот човек на федерацијата, Габриеле Гравина рече:
„Оние кои планираат да учествуваат во натпреварување кое не е признато од ФФИ,
УЕФА и ФИФА, ќе го изгубат членството“.
„Во моментов не
знаеме кој останал а кој ја напуштил Суперлигата. Според новото правило кое ќе
стапи на сила, до крајот на јуни, доколку некој клуб сака да настапува во
приватно натпреварување, тогаш нема да бидe дел од нашето првенство“.