Астон Вила и ВБА
одиграа реми со резултат 2-2 во рамките на последниот меч за денеска во рамките
на 33 коло од англиската Премиерлига, а бодовите беа од огромно значење за
гостинскиот табор во битката за опстанок во елитното фудбалско друштво на
Островот.
По првите 45
минути игра резултатот беше израмнет и гласеше 1-1, а први поведоа домаќините
со голот на Ел Гази од пенал во 9 минута од мечо, но гостите се вратија во игра
со голот од белата точка на Переира во 23 минута.
ВБА дојде до
пресврт со автоголот на Мингс по само две минути игра во второто полувреме, но
џокерот од клупата на домаќините, Дејвис во самата завршница донесе бод за
домаќините и големо разочарување за гостите.