358
Интер им се врати
на победите откако попладнево со 1-0 славеше против Верона. Херој на „нероаѕурите“
повторно беше Матео Дармијан. Исто како и на средбата со Каљари, бекот погоди
во финишот од мечот за три бода со кои избраниците на Конте сега се на чекор до
Скудетото.
Верона добро го
намачи лидерот, гостите дури успеаја и да постигнат гол за 1-1, но судијата го
поништи за минимален контакт помеѓу Фараони и голманот Хандановиќ.
На вториот
натпревар од 15 часот, Јувентус киксираше на гостувањето кај Фиорентина.
Влаховиќ од пенал ги донесе
„виолетовите“ во водство од 1-0 по половина час игра, а на стартот од вториот
дел, нововлезениот Мората изедначи на 1-1.