12-те гиганти од Шпанија,
Англија и Италија кои решија да формираат ново натпреварување со цел да си ги
зголемат приходите, ќе бидат санкционирани од УЕФА, ова го најави Александар
Чеферин во интервју за Дејли Мејл.
Првиот човек на
европската куќа на фудбалот не откри детали, но додаде дека најжестоки казни ги
чекаат Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, клубовите кои се уште не се откажуваат
од проектот и веруваат дека Суперлигата ќе заживее.
„Да почекаме и да
видиме, но ќе има последици, клубовите ќе понесат одговорност, не можеме да се
преправаме дека ништо не се случило. Не можете да сторите нешто вакво и потоа
да велите, „Ме казнија бидејќи сите ме мразат“. Сами си направија проблеми, не
треба вината да ја бараат во други. Не е во ред тоа што го сторија и ќе видиме
во следниот период какви мерки ќе превземеме“ – вели Чеферин.
„Но според мене, има
јасна разлика помеѓу клубовите од Англија и останатите. Премиерлигаташите први
се повлекоа и признаа дека погрешиле. Има три групи во овие 12 клубови. Во
првата група се клубовите од Англија, во втората се Атлетико, Интер и Милан и
во третата се Реал, Барса и Јувентус. Овие последните мислат дека Земјата е
рамна и дека Суперлигата и натаму постои. Сите ќе понеаст
одговорност но има голема разлика помеѓу клубовите“.