163
Суперлигата која траеше само 48 часа покрена лавина реакции во фудбалска Европа, последната вест доаѓа од Ииталија.
Дури 11 од клубовите од Серија А побарале казна за Јуве, Милан и Интер.
Но, Лега Серија А засега не се изјаснува и се очекува само да ги опомени бунтовниците, а не и да ги казни.
Клубовите кои го потпишале писмото се Рома, Торино, Болоња, Џенова, Сампдорија, Сасуоло, Специја, Беневенто, Кротоне, Парма и Каљари.
Со нив не се согласуваат Наполи, Лацио, Фиорентина, Аталанта и Верона.