Ватфорд се врати во Премиерлигата

by
1 минути читање

Екипата на
Ватфорд веднаш успеа да се врати во најсилното фудбалско натпреварување на
Островот, Премиерлигата, по само една сезона мината во Чемпионшип дивизијата на
Англија.

По минималниот
триумф над Милвол на свој терен со 1-0, благодарение на голот од пенал на
Исмаила Сар во 11 минута, Ватфорд на две кола до крајот во Чемпионшип
дивизијата дојде до предност од 10 бода во однос на второпласираниот Брентфорд. Сар инаку претходно се поврзуваше со трансфер во Ливерпул, но на крајот остана во Ватфорд, постигна четири погодоци на последните 5 меча во Чемпионшип.

На две кола до
крајот на актуелната сезона во Чемпионшип дивизијата нема никакви дилеми ниту
во поглед на тоа кои екипи ќе играат плејоф за влез во Премиерлигата, тоа ќе
бидат Брентфорд, Барнсли, Свонси и минатосезонскиот Премиерлигаш, Борнмут.

Освен Ватфорд, засега
сигурно во Премиерлигата се враќа и Норич, и тоа како првопласиран од
Чемпионшип.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×