Перез: Клубовите не може да ја напуштат Суперлигата, само под притисок рекоа дека излегуваат од неа

by
1 минути читање

Суперлигата пропадна за 48 часа, но нејзиниот претседател Флорентино Перез уште се бори, нема намера да се откаже од натпреварувањето.

Во едно од претходните интервјуа тој рече дека 12. клубови имаат потпишано обврзувачки договори, а тоа значи дека ќе треба да плаќаат пенали доколку си заминат.

„Нема да објаснувам што значат обврзувачките договори. Но, клубовите не можат да излезат. Некои од нив, под притисок беа приморани да кажат дека напуштаат. Но овој проект или некој сличен ќе се случи, се надевам наскоро“, вели Перез.

Но англиските клубови се половина од лигата, а според начинот на кој сопствениците им се извинуваа на навивачите, се чини дека тешко ќе се случи Суперлига во блиска иднина. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×