137
Според информациите на италијанските медиуми, македонскиот фудбалер се повредил на вчерашниот тренинг на Удинезе.
Тој има нагмечување на коленото и во наредните денови треба да се види точната дијагноза, дали се работи за истегнување на лигаменти, оштетување или кинење, по што ќе биде познато колку време ќе биде надвор од теренот.
Во составот на Ангеловски, Несторовски е прв избор за напаѓач, тоа беше нарушено само по неговиот непримерен гест против Лихтенштајн по што беше изоставен од составот за мечот со Германија.
Првиот меч на Македонија на Европското првенство е на 13. јуни против Австрија.