Чеферин покажува сила: Ако Реал, Барса, Јуве и Милан уште се во Суперлигата, нема да играат во ЛШ

by
1 минути читање

Суперлигата траеше само 48 часа, доживеа неславен крај и јасно е дека нема да се случи. Но, Флорентино Перез на големо вели дека се уште ништо не е завршено, идејата ќе доживее промени и повторно ќе се обидат да ја реализираат.

А официјално не кажаа дека излегуваат ниту Барселона, Јувентус и Милан.

На Чеферин не му се допаѓа тоа, па бара тие четири гиганти да кажат дали уште се дел од Суперлигата, ако се таму нема да играат во Лигата на шампионите.

„Иако Суперлигата брзо заврши поради заминувањето на најголемиот дел од екпите. Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и Милан не го напуштија проектот и може да следат последици за нив“, вели Чеферин за „АС“.

„Јасно е дека клубовите ќе треба да одлучат дали се клубови од Суперлигата или европски клубови“.

„Во претходниот случај, тие немаше да играат во Лигата на шампионите се разбира. Па ако се уште таму, нека играат во нивното натпреварување“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×