Се одзваа од „Џи Пи Морган“: Ќе извлечеме поука од сево ова, имавме погрешна проценка

by
1 минути читање

Американската корпорациската
инвестициска банка „Џи Пи Морган“ беше предвидена како финансиски столб на т.н.
Европска Супер Лига која доживеа вистински колапс откако уште не започната,
пропадна.

Предвидено беше гигантот
„Џи Пи Морган“ да издвои финансиски пакет од цели 3.25 милијарди евра за
Суперлигата, каде требаше најпрво да членуваат 20 клубови,
a 15 со статус на клубови кои би имале
загарантирано право на учество.

Од „Џи Пи Морган“
се одзваа по сите турбуленции околу Суперлигата, па се чини дека од таму
испратија јасен сигнал дека можеби треба да се заборави на нив по ова прашање.

Ние имавме
погрешна проценка за тоа како оваа зделка ќе биде прифатена од пошироката
фудбалска заедница и како тоа може да влијае на нив во иднина, ќе извлечеме
поука од сево ова
“ изјави првиот човек за односи со јавност на „Џи Пи Морган“
за „Гардијан“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×