Реал Мадрид е
еден од главните заговорници и иницијатори за формирање на т.н. Европска Супер
Лига која уште не започната, се распадна како кула од карти по бурните реакции во
јавноста.
Во меѓувреме се
појавија шпекулации дека „Кралевите“ би можеле да бидат дисквалификувани од
Лигата на шампионите, а интересно е тоа што играат против екипа која е дел од
големата шесторка во Премиерлигата која почна да се откажува по реакциите на
навивачките групи на Островот.
Како и да е,
шефот на стручниот штаб на шпанскиот клуб, Зинедин Зидан е дециден во ставот
дека нелогично би било Реал Мадрид да биде дисквалификуван, но и апсурдно.
„Имаме право да
играме во Лигата на шампионите, нелогично но и апсурдно би било да сме
дисквалификувани, немам никаква грижа во однос на оваа тема, ќе играме во
полуфиналето, тоа е наше право“ се изјасни Зидан.