345
Минхен е потврден како град домаќин откако потврди дека на стадионот може да има минимум 14.000 навивачи.
Преостанатите два града на кои се чекаше да го направат истото беа Билбао и Даблин, но градските власти на овие градови не ги дадоа потребниите гаранции.
На местото од Билбао, домаќин ќе биде Севиља, натпреварите ќе се играат на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“.
А натпреварите кои требаше да се играат во Даблин се поделени меѓу Санкт Петербург и Лондон.
Трите меча од групната фаза кои требаше да се играат во Даблин ќе се играат во Санкт Петербург, а осминафиналето кое требаше да се игра во ирската метропола ќе се игра во Лондон.