165
Весникот „Тајмс“ тврди дека ФА (Фудбалската асоцијација на Англија), има решение кое наскоро ќе го вметне како правило во својот статут.
Во правилникот ќе биде вметнато дека ниту еден клуб од Англија нема да може да влезе во било какво натпреварување доколку за тоа не добие одобрение од Премиерлигата и од ФА. Доколку некој реши да го направи тоа без да го испочитува тоа правило, ќе биде исклучен од сите домашни натпреварувања.
Со ваквото правило ќе згаснат сите идеи за креација на Суперлига.