278
Според аргентинските медиуми, Кавани сака да стави крај на европската авантура и да се врати во Јужна Америка, поблиску до својата фамилија.
Потпретседателот на Бока јуниорс, Хуан Роман Рикелме сака да го види Кавани во својот тим, а тоа е и желба на Уругваецот, да заигра за легендарниот аргентински клуб пред крајот на кариерата.
Се верурва дека Манчестер јунајтед ќе направи уште некој обид за да го убеди Кавани да остане на Олд Трафорд и идната сезона, но мисијата ќе биде тешка.