Румениге: Баерн Минхен не е победник, ниту јас, победник е вистинскиот фудбал

by
1 минути читање

Првиот човек на
Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге вели дека ќе биде медијатор за да помогне да
се врати среќата, хармонијата и лојалноста во фудбалот.

Баерн Минхен не
беше дел од клубовите-иницијатори за формирање на Европската Супер Лига, а
Румениге говореше за колапсот на Суперлигата за италијански „Тутоспорт“.

Баерн Минхен не
победи, ниту Румениге, победи вистинскиот фудбал, оној кој сите ние го сакаме

рече Румениге.

Јас сум човек
кој е познат по дијалогот, а не војната, така претседателот на УЕФА, Александер
Чеферин побара од мене да му подадам рака за да ги решиме проблемите и да
почнеме повторно по овие тешки денови низ кои минува светот на фудбалот
“ додаде
Германецот, а објасни и како ја искусил веста за Суперлигата.

Јас имам 65
години, видов многу работи во животот, ова не беа лесни денови, но најважното е
што сево ова е веќе зад нас, тоа што се случи донесе незадоволство кај сите,
дури и кај оние кои го формираа тоа натпреварување
“ вели тој.

По сите случувања
пристигнаа извинувања од повеќе клубови, тие направија нешто погрешно, но тоа
во моментов не ме интересира, најважното е да се излезе од новонастанатата
криза на интелигентен начин, би посакал брзо да ја вратиме среќата, хармонијата
и лојалноста во сиот свет на фудбалот
“ заклучи Румениге.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×