„Сметам дека
Европската Супер Лига ќе ја убие фудбалската индустрија, се работи само за
пари, ништо друго, ова е мое лично видување на оваа тема, ја преферирам
страната која вели дека парите не се единственото нешто во светот“ вака гласеше
изјавата на Жоан Лапорта пред да биде реизбран за претседател на Барселона во
однос на неговиот став за Европската Супер Лига, меѓутоа очигледно е дека некои
работи се промениле во неговото размислување откако го наследи Жозеп Мариа Бартомеу на претседателската функција во каталонскиот клуб.
Што го натера
Лапорта да се предомисли на оваа тема веројатно знае самиот toj, а
јавноста засега ќе остане покуса за одговори на тоа прашање, а првиот човек на
Барселона го прекина молкот за последните случувања со Суперлигата и денес има
сосема поинаков став од претходно.
„Суперлигата е
апсолутно неопходна, ние сме поддржувачи на националните лиги и ќе разговараме
со УЕФА“ рече Лапорта за „ТВ3“.
„Имаме позиција
на претпазливост, тоа е неопходно во моментов, меѓутоа последниот збор на
крајот ќе го имаат членовите“ додаде тој.
„Големите клубови
придонесуваат многу, а ние мораме да учествуваме во економската дистрибуција“
подвлече Лапорта кој смета дека Суперлигата треба да биде атрактивно
натпреварување, базирано на спортски мерила, а заклучи дека и натаму ќе
продолжи отворениот дијалог со УЕФА, надевајќи се дека ќе се пронајде заеднички
јазик.