Реал Мадрид силно се поврзува со Мбапе и Халанд, но се чини дека за реализација на овие трансфери Перез ја вкалкулирал и заработката од Суперлигата, но таа траеше само 48 часа.
„Невозможно е да купите засилувања како Мбапе и Халанд, ни Реал Мадрид, но и другите генерално, без Суперлигата“, вели Флорентино Перез.
„Ако не успееме да го ангажираме Мбапе ова лето, не верувам дека некој фан ќе се самоубие. Тие знаат дека ние го правиме најдоброото и ако тоа не се случи е поради тоа што е невозможно“.
„Варан? Јас сум среќен со нашаиот тим, доколку фудбалерите не сакаат да останат во Мадрирд, може да си одат. Се уште нема договор меѓу Рафаел Варан и Реал Мадрид за нов договор, актуелниот му истекува во јуни 2022“.
„Серхио Рамос се уште не потпишал нов договор и не знам зошто. Го сакам него како син. Но ситуацијата е таква каква што е“.
„Лука Модриќ го продолжи договорот со Реал Мадрид. Наскоро тоа и официјално ќе биде објавено“.
„Реал Мадрид не можам да го замислам без Зидан како тренер. И не, не е точно дека сум сакал да го отпуштам после мечот со Шахтар во групната фаза од ЛШ“.