Само бод за Интер против Специја, Јувентус ја победи Парма (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Специја имаше одличен старт на мечот, му даде гол на Интер уште во 12. минута, стрелец беше Фариаш.

На пет минути до крајот на првото полувреме Перишиќ го изедначи резултатот на 1-1.

Во последните 20 минути Интер изврши голем притисок, се изнапромашува шанси, му беа поништени и два гола поради офсајд, резултатот остана непроменет.

Јувентус освои големи три бода во борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите откако ја совлада Парма со 3-1.

Гостите поведоа со гол на Бругман во 25. минута, но следуваа два гола на Алекс Сандро и еден на Де Лихт за триумф на Јуве.

Несторовски ги одигра последните 30 минути од мечот на Удинезе со Каљари кои го загубија со 1-0.

Еден гол и беше доволен и на Сампдорија да победи икај Кротоне, Болоња и Торино одиграа 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×