631
29-годишнииот стратег Рајан Мејсон дебитираше со победа на кормилото на Тотнем каде е поставен како привремен тренер по отказот кој го доби Мурињо.
Натпреварот не почна најдобро за Тотнем, Саутемптон со гол на Ингс во 30. минута поведе со 1-0.
Во 60. минута Герет Бејл изедначи на 1-1, а Сон од пенал во 90. минута реализираше за комплетен пресврт и победа од 2-1.