Реакција од Милан: Мораме да бидеме чувствителни на гласот од оние кои го сакаат овој прекрасен спорт

by
1 минути читање

Милан се обрати
со соопштение до јавноста, во кое главната тема се случувањата со Европската
Супер Лига, во истото стои дека е потребна еволуција за понатамошен развој на
фудбалот, меѓутоа подвлекоа дека е слушнат гласот на оние кои го сакаат
фудбалот.

Ние ја
прифативме поканата за да учествуваме во проектот на Супер Лигата, тоа беше
генијална интенција за да се приложи најдоброто европско фудбалско
натпреварување за сите фанови ширум светот, а сето тоа во интерес на клубот и
нашите навивачи
“ стои во соопштението на клубот од Милано.

Промената не е
секогаш лесна, но еволуцијата е потребна за развој, а структурата на европскиот
фудбал еволуираше и се менуваше низ децениите
“ додаваат од таму.

Како и да е,
гласот но и загриженоста на навивачите околу светот околу Суперлигата е јасен,
а Милан како клуб мора да биде чувствителен на гласот од оние кои го сакаат
овој прекрасен спорт
“ пишува во објавата на „Росонерите“ кои подвлекуваат дека
и натаму ќе работат на тоа да се обезбеди вистински модел за фудбалот.

Пред да дојде до целосен колапс на плановите за Европска Супер Лига, извршниот директор на Милан, Иван Газидис ја уверуваше јавноста дека тоа натпреварување е за доброто за сиот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×