Еден од главните
иницијатори за формирање на т.н. Европска Супер Лига, претседателот на Јувентус
е под голем притисок од јавноста по крахот кој го доживеа предвиденото ново
натпреварување кое не издржа ниту за започне.
Повеќе од јасно
беше дека по откажувањето на англиските клубови ќе следи целосен пресврт, а тоа
се случи, Суперлигата е откажана, а Андреа Ањели објаснува дека и натаму е
убеден во предвидениот проект, за кого призна дека не може да продолжи по сите
случувања.
„Останувам убеден
на ставот дека проектот има посебна убавина, но сметам дека тој проект повеќе
не функционира“ обелодени Ањели потврдувајќи дека Суперлигата и дефинитивно
крахираше.
„Нема да кажам колку
клубови ме контактираа во само 24 часа и ме прашуваа дали би можеле да се
приклучат на тоа натпреварување, можеби лажеа, но јас бев контактиран од повеќе
клубови кои ме прашуваа дали би можеле да се приклучат“ додаде тој.
„Слушнав шпекулации
дека во случај шесте клуба од Премиерлигата да се одвојат, како и тоа да
претставуваат закана кон политиките на тоа првенство, сето тоа би се сметало за
директен напад на Брегзит и нивната политичка шема“ подвлече Ањели.