Роџерс ги демантираше шпекулациите со Тотнем, застана во одбрана на Мурињо

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Лестер, Брендон Роџерс ги отфрли шпекулациите дека е во игра
за тренерското столче на Тотнем, кое остана празно по отказот за Жозе Мурињо, а
Португалецот го наследи барем засега 29 годишниот Рајан Мејсон, кој би требало да
го предводи тимот до крајот на актуелната сезона.

Во фудбалот
секогаш постојат шпекулации наоколу, секоја позиција која ќе се остави
испразнета носи шпекулација сама по себе за тоа кој тренер ќе ја прифати и
слично, Тотнем е фантастичен клуб, но јас сум фокусиран на Лестер, имаме
светска класа од тренинг центар, проектот се уште сакаме да го развиваме, не
чека многу работа на тоа поле, имам одлична конекција со фудбалерите, челниците
на клубот, а имаме долг план за развој
“ рече Роџерс а потоа беше запрашан и за
отказот на Мурињо од клупата на Тотнем.

Разочаран сум за
Жозе, тој е светска класа од тренер, тој е победник, засекогаш ќе остане таков,
тоа што на моменти ме вознемирува е начинот на кој сите му се нафрлија, тоа што
успеа да го стори во фудбалот требаше да му донесе позиција за да ги оствари
очекувањата, тој заслужи почит за да го реализира тоа
“ подвлече Роџерс
застанувајќи во одбрана на Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×