Откако шестте англиски клубови се повлекоа, јасно беше дека Суперлигата со шест гиганти не може да постои. Повлекување најавија и Милан и Интер, па друг исход освоен прпаѓање на проектот не постоеше.
Флорентино Перез и останатите кои останаа до крај се премногу горди за да го соопштат поразот, па во соопштението пишуваше дека проектот е стопиран привремено, а тие ќе се вратат со некаква модифицирана варијанта.
Но јасно е дека Суперлига ќе во блиска иднина, откако англиските клубови го почувствуваа судот на јавноста, нема ниту да помислат да влезат во нешто слично во наредните години.
Фудбалот синоќа ја покажа сета своја моќ, фановите победија и покажаа дека оваа не е спорт со кој богаташите може да си играат и да го користат за уште поголемо збогатување.
