Челси излегува од Суперлигата, почеток на крајот!

by
1 минути читање

Откако ги виде реакциите на јавноста кој кулминираат со денешниот протест на фановите пред Стемфорд Бриџ, Челси реши да излезе од Суперлигата.

Најголемите англиски медиуми како „Би-би-си“, „СкајСпортс“, „Тајмс“ и „Телеграф“, јавуваат дека Челси ја подготвува документацијата за излегување од Суперлигата.

А има информација дека чекорот на Челси ќе го следи и Манчестер Сити, тие ќе бидат следните кои ќе се повлечат.

Ова значи дека проектот за Суперлигата ќе биде урнат пред да почне.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×