Ливерпул го цензурираше Клоп?

by
1 минути читање

Ливерпул одигра
реми со резултат 1-1 на гостувањето кај Лидс и со тоа си го отежна патот до
посакуваното четврто место на табелата во Премиерлигата, меѓутоа резултатот
остана во втор план, во прв е секако случувањата околу клубот од „Енфилд“ и
Суперлигата.

Јирген Клоп и
Џејмс Милнер отворено посочија дека се против таквото натпреварување, а со тоа
ставија дознаење дека не се на иста бранова должина со плановите на
сопствениците на клубот, меѓу другото, откажана е средбата на која членовите на
Ливерпул требаше да бидат запознаени детално за тоа натпреварување.

Германскиот
фудбалски стратег Клоп за време на пресконференцијата посочи дека не го
променил мислењето за Европската Супер Лига, а како за потсетување, тој во
минатото категорично застана против тоа натпреварување.

Тоа што е
интересно во моментов, е фактот што Ливерпул не го вметна делот од
пресконференцијата каде Клоп говореше за Суперлигата, па
тој дел од транскриптот на „Редсите“ изостана на нивниот официјален клупски сајт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×