Претседателот на
италијанскиот прволигаш Наполи, Аурелио Де Лаурентис демантира дека неговиот
клуб бил повикан од страна на „Џи Пи Морган“ за учество во новото
натпреварување, наречено Европска Супер Лига.
Американската
инвестициска банка „ЏиПи Морган“ ќе биде главен финансиер на Суперлигата, а
според пишувањата на „Кориере дело Спорт“, претставници од „ЏиПи Морган“го
контактирале и Наполи за да се приклучи во тоа натпреварување, за што Де Лаурентис
демантираше низ еден саркастичен начин.
„ЏиПи кој? Јас
спиев минатата ноќ“ напиша Де Лаурентис во објавата на социјалните мрежи.
Во објаснувањето
кое го даде претседателот на Реал Мадрид, а воедно и на Суперлигата, Флорентино
Перез, тој наведе дека клубовите како Наполи и Рома би можеле да добијат
прилика да се приклучат на Суперлигата за една година, или нешто подоцна од
тоа.