Капитенот на
Ливерпул, Џордан Хендерсон свика итен состанок на капитените во сите клубови во
Премиерлигата, а повеќе од јасно е дека главната тема на нивниот разговор ќе
биде актуелните случувања од Европската Супер Лига.
„Дејли Мејл“
извести дека Хендерсон и останатите 19 капитени од Премиерлигата ќе разговараат
за одговор на веста дека шест клуба од Премиерлигата се дел од т.н. Суперлига
каде засега има 12 учесници.
Доста превирања
има на Островот по ова прашање, а притисокот од јавноста кон шесте клуба е
голем до тој степен што дури и навивачките групи на тие клубови почнаа да се
откажуваат од своите омилени фудбалски екипи.
Тоа што е
интересно, иако не беше конкретен како претходно во својот став против новото
натпреварување, сепак шефот на стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп наведе
дека своето мислење на таа тема не го променил, а заменик-капитено Џејмс Милнер
јасно посочи дека е против тоа натпреварување.
Се верува дека
помеѓу фудбалерите постои голема загриженост околу новото натпреварување, кон
кое има закани од сите страни, а би можеле да останат дури и без настап за
своите национални селекции.