Шефот на
стручниот штаб на Болоња, Синиша Михајловиќ се сомнева дека клубови како Лестер
повторно ќе бидат во можност да освојат титула доколку Суперлигата се реализира
според својот план и програма.
„Ова е навистина
лошо, според мене, фудбалот е најследениот и најпосакуван спорт во светот, а
сето тоа најмногу поради фактот што помалите можат да ги победат поголемите“
рече Михајловиќ за време на пресконференцијата во пресрет на мечот со Торино во
Серија А.
„Богатите
стануваат уште побогати, сиромашните уште посиромашни, тоа не е духот на овој
спорт, не го делам таквото мислење и воопшто не ми се допаѓа, се работи за
пари, му го одзима на фудбалот освновното нешто – натпреварувачкиот дух“ додаде
Србинот.
„Секако
дека големите натпревари се убави за гледање, овие клубови посакуваат да
победуваат по лесен пат, би ја имал истата идеја дури и да бев тренер на
Јувентус, Интер или Милан, што можеме ние? Болоња можеби ќе добие 30 милиони
евра, а тие ќе си поделат по 300 милиони евра, разликата ќе стане уште
поголема, дали Лестер би можел повторно да освои титула?“ праша Михајловиќ.