Инфантино: Тие кои избрале да одат во Суперлигата, треба да живеат со тоа, не може да се и ваму и таму

by
0 минути читање

Претседателот на ФИФА, Инфантино го кажа својот став за Суперлигата.

„Во ФИФА ние силно се спротивставуваме на создавањето на Суперлигата, суперлигата е затворена продавница која не ги почитува сегашните институции. Даваме полна поддршка на УЕФА“, вели Инфантино.

„Моја задача и наша задача е да го заштитиме европскиот спортски модел, клупските натпреварувања и инационалните тимов. Доколку тие одбрале да одат по сопствен пат, мора да живеат со нивниот избор. Не може да се и таму и ваму. Не може да се пола внатре пола надвор“.

„Моја задача, наша задача е да го спасиме клупскиот и интернационалниот фудбал“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×